Скопје, 06.07.2017
Г-дине Груевски, иако она Г-дине ми пречи, сакам како „уличар“ да Ви се обратам.(да се разјасниме околу ова В и Г-дине).
Предизвикан од Вашиот патетичен говор или обраќање морам да Ви поставам неколку прашања. Се надевам дека нема да Ви пречи да му одговорите на еден уличар. Многу ми е жал дека заборавивте да ме наречете и хулиган бидејки во блиското минато и така не нарекувавте.
Г-дине Груевски нели Ви е срам така, флагрантно, да лажете дека Вие и блиската околина до Вас не сте ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖУВАЊЕ.
Г-дине Груевски, сите овие години (11) имавте време да ја поправите состојбата во државата на чие чело бевте. Сите овие години, со исклучок на првите две, вие (ми се смачи од големото В) ја испостувавте и некоординирано ја пљачкавте државата Македонија и ја претворивте во Недојдија
Сторивте сѐ за да ги расипете односите со соседите. За да ја *заштитите* Македонија од влез во ЕУ и НАТО почнавте со антиквизацијата бидејки бевте сигурни дека на тие ваши потези и гестови јужниот сосед ќе реагира жестоко.
Дали сте свесен дека со употребата на негрчките, ама и немакедонските имиња и симболи само гневот на Грците ќе го навлечете и дека тоа ќе предизвика ставање на вето за наш прием во тие асоцијации? Или можеби тоа самите го посакувавте за да можете полесно да крадете и да ја доуништите Македонија.
Дали вие, Г-дине Груевски, сте главниот виновник за појавата на БЕЛАТА ЧУМА (иселувањето на младите). Вие сте тој кој го пушти овој вирус со вашите грешни, свесно грешни, политики во оваа напатена земја.
Дали сте свесни дека вие и вашата банда сте најголемите виновници за бедата и сиромаштијата која што ја снајде оваа Недојдија?
Велите дека сте делеле субвенции на земјоделците? Супер. Но, секоја субвенција претпосавува подобрување на земјоделието и сточарството, поголемо производство на храна за домашното население! Но, како виеќе го објасните, (јас имам објаснување) се поголемиот увоз на земјоделски и сточарски производи?! Зарем не ви е срам кога одите да купите лук, наместо домашен, купувате кинески?
Зарем не ви е срам да јадете српско свинско месо?. Зарем не ви е срам дома да месите странско брашно? Зарем не ви е срам од сето ова овчару еден.
Зарем не ви е срам да градите автопат на траса полна со артефакти? Не ви е промашена трасата туку вие свесно го уништувате културното и археолошкото богатство на Македонија.
Не ли ви е срам да го оставите Курбиново, лулката на Европската ренесанса, да пропаѓа? Зарем не чувствувате ниту трошка срам кога група алтруисти побараа од вашата министерка за (НЕ)култура да биде дозволено да се реставрира малото црквиче со ренесансната птица, да ја одбиете и да дозволите само некои периферни конаци да се реставрираат?
Имам многу , уште мнооогуууу работи да ве прашам. На пример: за партизираното Сваровски судство, за партизираната администрација која нема канцеларија туку по цел ден безделничат по кафеани но први се одчукуваат дека дошле на работа, а последни се одјавуваат одкако на државна сметка ќе се накркаат и напијат.
Дали не ви е срам тоа што цели 11 години владеевте и не тероризиравте со зборот од две букви ЌЕ и постојано продолжувате да не ЌЕосувате.
Е нема да може овчару еден. Игравте на карта дека овој народ има кратко паметење, ама се навежбавме и како што гледате памтиме подолго.
Да не ви ја спомнувам 2008-ма, ветувањето дадено на Буш дека во Букурешт ќе биде затворена голготата наречена НАТО. Знаете вие многу добро што се случи на 15 минути пред да почне Самитот.
Нема да ја заборавам вашата параполиција. Знаете зошто? Затоа што кркав пендреци од нив.
Вие ли ќе ми зборувате за демократија, вие создателите на 24.12.2012-та, на 27.април, оваа година. Вие ли бре овчару кој со години не прислушкувавте и мастурбиравте на нашите разговори.
Гневен сум до немај каде и останатиот гнев ќе ви го доистурам вечерва или нокеска.
Поздрав СТОКО БЕЛОСВЕТСКА од еден ХУЛИГАН и „УЛИЧАР“.
П.С. Ова последново сметајте го како да сум ви опсул мајка.