Скопје, 22.09.2017
Нашите мисли го креираат утрешниот живот. Во Бутел живееме луѓе од различни националности, но за жал веќе 12 год. немаме ништо освен изумирање и на тоа што го имавме и се гордееме, а тоа е долгогодишен мултиетнички соживот.
Неможеме да ги присилиме другите да се променат, но можеме да им пружиме атмосфера во која можат да се сменат ако тоа го посакаат. Мора да научат од сопствените грешки доколку не научиле ништо од сопствениот вложен труд онаму каде што го вложиле, а тоа е лекција за нив. Да допуштиме на другите да сфатат дека промените се случуваат во моментот кога тие тоа ќе го посакаат.
Да не заборавиме , да бидеме смирени, свои и таму каде е животот. Нека се случи тоа на 15-ти Октомври овде и сега за Бутел, нека биде за живот за сите во Македонија и нашата општина Бутел .