ВИКЕНДОВ ОД БЛАТЕЦ СТАРТУВАШЕ ВТОРАТА ПЛАНИНСКА ТРКА Чупино Вертикал- КОЈА ОТВАРА НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ за туристичка промоција на Блатец И ВИНИЦА

“Чупино Трејл“, па “Чупино вертикал“ по вторпат, одзивот за 250 % поголем од лани, дали Чупино е новиот туристички предизвик за промоција на општина Виница. Планинари, маратонци, ентузијасти од цела Македонија, од Бугарија, Америка, Англија,Чешка, Белгија, викендов од центарот на Блатец ја исцртаа и втората маратонска рута до Чупино (1725м.) во должина од 5, 5 км, 1030 метри висинска разлика, со изобилство од природно исткаени пејзажи, со погледи кон Голак и Осогово, во позадина Пирин и Рила , за на крај да се отвори природниот раскош на Плачковица, врвот Лисец и во позадина цела Шар Планина. Таква туристичка понуда може да произлезе само од нашата недопрена природа, која знае да изненади со голем број скриени богатства.

Во 10ч. од Блатец стартуваа 90 учесници во скоро идеални временски услови и за нијанса повеќе снег од минатата година, а први на врвот стасаа…… Во машка конкуренција подиумот изгледаше вака: 1. Michaël Van Baelen (BE) – 00:50:54 2. Дејан Ангелоски – 00:51:48 3. Александар Кирковски 00:52:02 Во женска конкуренција 1. Сања Најдовски – 01:04:50 2. Елена Ртоска – 01:06:00 3. Марија Пеликон – 01:18:40 Категорија Ветерани 50+ мажи 1. Илија Настески – 00:58:00 2. Владо Симеонов – 01:11:40 3. Борче Милосковски – 01:23:02 Категорија Ветерани 50+ жени 1. Валентина Узунова – 01:24:50 2. / 3. / … се бара конкуренција за 2021 🙂 Учесниците презадоволни од организацијата на домаќинот,

Членовите на Клубот “Чупино“  по четврти пат се покажаа како високо професионални организатори со подршка на неколку приватни компании од регионот и секако општина Виница.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе