Виница, 24.03.2020
Среда е пазарен ден во Виница но од утре пазар ќе нема, односно тој целосно ќе биде затворен.
По состанокот на надлежните институции во општината, а во согласност со препораките од Владата, утре (среда- 25 март), пазарот во Виница ќе биде целосно затворен. Имајќи ги во предвид и последните мерки за ограничено движење на пензионери и стари лица, општината донесе Одлука во текот на утрешниот ден тезгите да бидат целосно затворени, што подразбира и забрана за продажба на овошје, зеленчук, млечни производи и сите видови на земјоделски намирници.
Владата вчера донесе нови мерки за заштита од коронавирусот:
❗Забрането движење за сите граѓани од 21:00 до 05:00 часот.
❗Се забранува движењето на граѓаните над 67 години од 11:00 часот до 05:00 часот следниот ден.
❗Се ограничува на движењето на младите до 18 години и за нив забраната за движење ќе започнува во 21 часот и ќе трае до 12 часот наредниот ден. Новите одлуки за ограничување важат од денес-24 март 2020 година.