Свети Николе, 19.10.2019
Најсовремена опрема за прикажување на филмови во 3Д техника се инсталира во амфитеатарот на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе.
Од Славјански информираат дека оваа новост ќе има двојно значњење, Првото е содржано во фактот дека преку 3Д опремата ќе се одвива обука на студентите, втората во отвореноста на киното за сите заинтересирани граѓани кои сакаат да гледат филмови во најновата 3Д продукција. Репертоарот ќе биде јавно објавуван како и цената на билетите.
Во оваа институција ќе се прикажуваат филмовите од најновата светска филмска продукција. Врвните стетски хитови ќе се прикажуваат и во Свети Николе, на Славјански, во реално време кога тие ќе бидат прикажувани во најголемите стетски метрополи.
Киното ќе стартува кон средината на идниот месец, а со оглед на фактот дека ова е единствено кино од ваков вид во источниот, североисточниот и југоисточниот регион, а изградбата на новиот пат Штип-Миладиновци го направи Свети Николе најлесно достапното место на овој простор, до градот во Овчеполската рамница денес се стигнува по најсовремени патишта и мошне бргу.