Штип, 10.03.2019
Воздушниот коридор над Плуждино,викенд населба на 3,5 километри од Штип е еден од најживите и нафреквентни воздушни авиопатишта. Дење-ноќе над овој преубав простор летаат над дваесеттина авиони. Насоката им е север југ и спротивно, а тоа денес го забележавме преку овие фотографии..
И денес околу 11,30 четири авиони по два во спротивни насоки летаа над овој предел. Ведрото небо придонесе да можат убаво да бидат видени во целата нивна големина и сјај, а белиот дим кој од согорувањето на керозинот го оставаа зад себе како да сакаше да ни порача дека тие се тука, над нашите глави и дека сите треба да се чувствуваме безбедно, и патниците, а и ние долу на земјата..
Кај моите пријателите кога доаѓаат на гости постои различност во мислењата од каде и за каде летаат овие авиони. Едни се на мислење дека летот е од Африка до Атина, други дека е оваа патека Атина-Париз и обратно, а јас немам поим што е точно.
Моја претпоставка е дека тие летаат на височина од 10.000 метри зашто знам дека на таа височина авионите најмалку трошат гориво.
(и.б.)