Штип, 18.11.2017
Другари, познаници, Штипјани!
До утре завршуваат сите хуманитарни активности. Затоа утре, од 12 часот, ќе започне акцијата за собирање на потписи против извршителите на плоштадот во нашиот град.
Замолувам за мобилизација бидејќи се работи за нас и неправдите кои ни се нанесуваат со години поради работата на извршителите. Нашите барања се:
Прво: Замрзнување на извршните одлуки врз граѓаните , до донесување на нов, почовечен закон
Второ: Ревизија на десегашната работа на извршителите (но и на нотарите, адвокатските здруженија кои работат за доверителите, но и работата на истите монополи кои со реализирање на камати на камати на камати врз основниот долг, создаваат нова сиромаштија која живаа за да отплаќа виртуелни долгови
Трето:. Обновување на судски постапки, во кои судиите и останатата правничка фела преку крајно неправичниот Закон за извршување создала вируелни долгови кои се и по десет пати поолеми од основниот.
Четврто: Свикување на собраниска седница со главна точка на дневен ред – Законот за извршувење.