Делчево, 22.06.2018
Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, денеска ја посети Општина Делчево при што оствари работна средба со градоначалникот Горан Трајковски. На средбата, амбасадорот Бејли се интересираше за спецификите на Делчево, потенцијалите и можностите за развој на Општината, како и со предизвиците со кои се соочува општината.
Градоначалникот Трајковски изрази задоволство од посетата и изрази благодарност од досегашната соработка и поддршка на американскиот народ во реализација на проекти кои се од витално значење за Делчево и кои се во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, посебно во подобрување на условите за работа во образовните институции во градот.
Во знак на благодарност, градоначалникот Трајковски му врачи Плакета од Делчево и уметничка слика со мотив од старо Делчево од локалниот уметник Петар Атанасов-Пепи.
Во рамките на посетата, амбасадорот Бејли го посети и кампот на Мировниот корпус во ООУ „Климент Охридски “ каде има 50-ина ученици, а наставата и едукативните содржини ги реализираат волонтери.