ДЕЛЧЕВО: Сензорна соба во Дневниот центар

Делчево, 03.12.2019

Денеска во Дневниот центар e пуштена во употреба сензорната соба опремена преку иновативниот проект „Здрави деца – сигурна иднина“  и Источно- планскиот регион со средства од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа. Ваква сензорна соба, освен Делчево добија и Штип и Кочани, а вкупната вредност на проектот е околу 1.7 милиони денари.

112 Директорот на ЈУЦСР Делчево, Душко Михаиловски, истакна дека сензорната соба во Делчево е прва во регионот од ваков тип со можност неа да ја користитат лицата за нивни потреби од целиот регион.

-Сензорната соба во Делчево чини 9 илајди евра и јас изразувам голема благодарност на градоначалникот Трајковски за неговото несебично залагање Делчево да биде една од првите општини кои ќе добијаат комплетна опрема за сензорна соба. Станува збор за посебна просторија во Дневниот центар, специјално дизајнирана околина која треба да им овозможи на корисниците контролирано да се изложуваат на едно или повеќе сетилни доживувања со цел да се поттикне сензорната интеграција која е основа за оформување на одговорите кон надворешната средина, рече Михаиловски.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби на Дневниот центар подари ЛЕД-телевизор и испрати порака за поголема интеграција на децата со пречки во развојот во образовниот систем и во општеството.

-Денеска кога целиот свет го одбележува Светскиот ден на лицата со посебни потреби, испраќам порака за поголема свест за лицата со посебни потребни, посебно, да се промовира подобро разбирање на полето на хендикеп, со фокус на правата на лицата со посебни потреби. И сето тоа што се промовира на овој ден и значајните  пораки од овој ден- да бидат наши водилки цела година. Не треба да затвораме очи пред различностите, туку напротив да создаваме свет без различности. Во таа насока се и активностите кои оваа недела ги организира Општина Делчево во рамките на Деновите на хуманост-дарувај со љубов- да ја подигнеме свеста за лицата со хендикеп, но и да ја развиваме филантропијата и општествената одговорност за да отвораме нови перспективи за овие лица, рече Трајковски.

Дневниот центар денеска го посетија и претставници од НВО-секторот, од бизнис секторот, институции и граѓани.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе