Сомбор, 28.05.2018
Во Сомбор се одржа убав настан од областа на културата со ликовна изложба, музичка промоција и книжевна вечер. И сето тоа во рамките на третата по ред манифестација „СРМА“ (Србија-Македонија) – културна активна размена.
Настанот се одржа во организација на Македонскиот информативен центар МИЦ, Белград и Здружението на Македонци од Западнобачкиот округ ПЕЛА, Сомбор.
На претседателот на Друштво на писатели на Србија, Радомир Андриќ, му беше врачена диплома за почесен професор на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
Во рамки на книжевната вечер, на претседателот на Управниот одбор на МСУ „Гаврило Романович Державин“, д-р Јордан Ѓорчев, му беше врачена престижната награда МАКЕДОН, поради остварената добра соработка помеѓу Македонија и Србија.
Свои стихови на вечерта читаа д-р Јордан Ѓорчев, Стојан Бербер, Давид Кецман, Зденка Феќвер, Миленко Попиќ, Виктор Шеќеровски, Рајко Игиќ и Радомир Андриќ.
Нашиот поратл во збор и слика го пренесува убавиот настан за големото признание доделено на културниот деец Проф. Д-р Јордан Ѓорчев, писател, карикатурист, сликар и создател на МСУ „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе-Битола.