Емоциите оставете ги дома, господине новинар

Охрид, 09.08.2017

  • Новинарот,репортерот пред да тргне на настан, емоциите да си го остави дома!
Фејсбук статус на Веле Митаноски
Фејсбук статус на Веле Митаноски

На новинарот не му се од корист емоциите, туку рациото. Навистина ова е голем настан, голем ден за Македонија, која е два дена точка на глобалната мапа. Но, тоа не му дава за право на репортерот на МТВ, да ламентира со антиката и “некогаш големата, а сега мала Македонија!” (уште и свесно да манипулира со “Телеком арената”, постојано во преносот и потоа – нарекувајќи ја “Филип Втори Македонски”!).

Или на младиот колега од Телма ТВ да се “изгуби во преносот!”. Инаку завршува со констатацијата дека Манчестер Јунајтед води по првиот дел од натпреварот!?

Никој не е непогрешлив. Кажете дека некој никогаш не погрешил, ќе ви кажам дека тој ништо не направил во животот!

Но…Еве два примери за тоа како репортерите треба да си ги остават емоциите дома. Го праќаат фоторепортерот на фудбалски натпревар.Кога се враќа уредникот му ги бара фотографиите.Немам, вика тој.А, имаше ли голови? Имеше! Тогаш зошто нема фотографии, што правеше ти кога паѓаа головите? Ракоплескав, вели репортерот! Друг го пратиле да известува од театарска претстава. Се враќа назад, уредникот му бара извештај, а овој вели: Се запали театарот, немаше настан!?

 

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе