Жан Митрев и граѓани со големо срце ќе и помогнат на полјаќињата Јустина

Берово, 24 деќември, 2016

Трогателната приказна за 45 годишната полјаќиња Јустина Мадевска, која со сопругот Славе живее во беровското село Русиново, а која се бори со немаштијата при што и самиот живот и е загрозен поради болестите од кои не може да се лекува поради сиромаштијата, ја крена на нозе македонската јавност. Приказната која беше објавена на регионалната ТВ Стар, од допсиничката Даниела Такева, не ги остави рамнодушни голем дел од граѓаните кои посакаа да помогнат. Потресната судбина на Јустина беше пренесена од ТВ Стар и на нашиот портал, а истата ја прочитаа над 5.000 граѓани. Дел од нив се јавија со молба да ја објавиме жиро сметката на семејството Мадевски на која тие би можеле да уплатат донации.

Неполни два дена по објавувањето на болната сторија за Јустина, во штипската ТВ Стар се јави првиот македонски кардиохирург д-р Жан Митрев, сопственик на болницата „Филип Втори“, познат филантроп.

„Мојата работа е таква што јас секојдневно се среќавам со такви, а и полоши ситуации. Таквите луѓе ние директно ги помагаме и ги ослободуваме од некои плаќања, и на тој начин им овозможуваме да можат адекватно да се згрижат и лекуваат“,  гласеше изјавата на д-р Жан Митрев, сопственик на „Филип Втори“.“

Сиромаштијата и болеста, но и суровиот македонски здравствен систем, ги вжешти и социјалните мрежи, па реакции со осуда и понуди за донација стигнуваа од сите страни. Дел од граѓаните кои го гледале прилогот на ТВ Стар,  и дел од оние кои со потресната судбина на Јустина се запознале преку пренесената сторија на нашиот портал бараа начин како да помогнат. Сите имаа ист став, дека тоа што се случува со Јустина е недозволено во една уредена држава која над се и пред се треба да води сметка за луѓето. –„Кога им требаат гласови се растрчуваат на сите страни, кога треба да помогнат никаде ги нема“, коментираше Јасмина која прилогот го гледала на ТВ. Бојана пак која сторијата ја прочитала на нашиот портал Исток пресс, побара жиро сметка која ние, со помош на ТВ Стар и новинарката Такева ја објавуваме на крајот од овој текст.

Сопругот на Јустина, Славе Мадевски разговарал и со Амбасадата на Полска во Македонија од каде понудиле да помогнат. –„Од секаде се јавија луѓе за помош, имаше и од странство, затоа отворив и девизна жиро сметка за оној кој може да помогне“, изјави за ТВ Стар Славе Мадевски. За него основно е да се излекува Јустина, а потоа ќе се решава и проблемот со сиромаштијата. Радосно е сознанието дека трогателната приказна за Јустина, сепак ни покажа дека хуманоста, и покрај се, живее на овие наши простори на кои има и луѓе со големо, отворено за сите срце кои сакаат да помогнат кога некој е во неволја..

Сметка за донации

СЛАВЕ МАДЕВСКИ, с-ка    240217106445107, Уни банка ,

Девизна сметка IBAN:MK07240217106445107

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе