Охрид, 14. септември
Веле Митаноски
Новата влада со социјалдемократот Зоран Заев, ќе го крене оптимизмот и со новото единство меѓу Македонците и Албанците, ќе го отвори патот кон напредокот и ќе ја приближи земјата кон ЕУ
– „Нота мог живота“ е мотото, насловот, на свечената трибина која вечерва , во чест на Иво Јосиповиќ и неговиот 60. роденден, ке се одржи во Загреб, во органиѕација на Хрватско друштво на композитори.
Поранешниот хрватски претседател Јосиповиќ (2010-2015) е правник и професор на Загребскиот универзитет, но и еден од водечките хрватски композитори.
Неговото дело “Самба де Камера” често се изведува на европските сцени, но и во во целиот свет и е наградено со признание на Европска радијска унија.
Јосиповиќ вели дека е се уште фасциниран со Моцарт, додека операта “Дон Ѓовани” за него секогаш била на прво место, инспорација и визија.
Веќе неколку години подготвува опера за Џон Ленон, или поточно, за неговиот убиец Чепмен, зашто, како што вели, од психолошки аспект, е фасциниран со личноста која можела цел живот некого да обожава, а на крајот да го убије!
Поради неколкугодишни претседателски обврски, финиширањето на операта сепак доцни.
Кажува дека радо би настапувал и со Битлси кога би било можно еден ден да воскреснат, и додава дека без проблем би прифатил, како Влатко Стефановски, да настапи и во затвор, но првенствено како музичар а не како претседател.
Ете, на тој и таков Иво Јосиповиќ – научник, композитор и државник, Хрватска му се одолжува со голем настан во организација на Хрватското друштво на композитори, во годината во која наполни 60 години од животот.
Мора да се спомне дека во овие времиња на општа девалвација на човечките вредности, сите се согласни дека Иво Јосиповиќ бил и останал господин (со големо Г ).
Во хрватската јавност може да се слушне деновиве дека витинското „мото“ на свечениот настан ќе биде: „На господинот со љубов“
Јосиповиќ, како и овој автор, е почесен член на „Хрватско-македонска тангента“ која, по повод овој, настан се огласи со посебно соопштение:
Особено ни е драго што Хрватското друштво на композитори (ХДС), организира трибина по повод 60. гидшнината од враќањето на Иво Јосиповиќ, композитор, државник,почесен член не невладината удруга Хрватско-македонска тангента, под мотото, насловот Нота мог жиовота, во двораната на ХДС, на “Бистричева” број 9 во Загреб. За нас Иво Јосиповиќ, едновремено, беше и остана “складатељ” на македонско-хрватските односи – се вели во соопштението на “Хрватско-македонска тангента”.
– Лично и како претседател секогаш истакнував дека вашата земја ја признавме под уставното име и дека за мене таа секогаш беше и ќе биде Македонија, или официјално Република Македонија. Друго е прашањето дали вие во Македонија ќе решите да направите некаква стратегиска отстапка околу името, макар и привремено – вели Јосиповиќ.
Последен пат во Македонија беше во мај годинава, во организација на здружението “Македонско-хрватска тангента”, кога, во Скопје ја отвори Mеѓународната конференција на “Американ колеџ” на темата „Осмислување на миграцијата, економскиот раст и солидарноста во Европа“ (Rethinking migration, ekonomic growth and solidarity in Europe), а тука одржа и предавање.
– Во Македонија поминав неколку преубави дена. Одржав предавања за студенти и наставници на два приватни универзитети во Скопје и Тетово. Конечно Македонија ќе добие нова влада со социјалдемократот Зоран Заев, влада што го крена оптимизмот дека новото единство меѓу Македонците и Албанците ќе го отвори патот кон напредокот и ќе ја приближи земјата кон ЕУ. Уживав во прекрасната народна музика и фантастичната македонска кујна, особено во познатиот ајвар. Сепак, најубави беа срдечноста и отвореноста на добрите луѓе со кои се дружев“ – напиша тогаш, на својот ФБ профил, д-р Иво Јосиповиќ.
(Крај)