Интервју со Тома Фила: Македонци излезете на референдум-семејно и свечено

а Република Македонија, на сите граѓани во земјата, а на Македонците, посебно, НАТО им е потребен како насушен леб. Како што на Србите им е потребна Европската Унија, а ако сакаат да бида воено неутрални, никој сосила не ги тера во НАТО.

 

Ова во интервју за Либертас го вели познатиот адвокат од Белград Тома Фила, инаку, роден 1941 година во Битола.

– Моето потекло е цинцарско (влашко) и по татко и по мајка. Србија е мојата убава домовина, Македонија мојата отаџбина – со Битола Пелистер и Охрид, Грција – земјата на моето потекло. Не е мое даги повикувам, но мое е да ги посоветувам моите Македонци, да излезат на референдумот, на 30 септември, и тоа семејно и свечено, како што би излегле на најголемиот нивни – семеен, или друг празник.

Фила додава дека станува збор, не за референдум за тоа каде ќе поминува гасната, или водоводна цевка во некоја рурална, или градска средина, туку тоа е прашае да се виде,или не, за Македонија и Македонците.

– Треба да се оди на референдум. Сите да излезат и да кажат – ДА, или НЕ, за да можат после тоа својата совест, да им ја пренесат на своите деца. Ова е толку преломен момент за Македонија, што секое криење дома, е равно на предавство, во најмала рака – неоодговорност кон себе си, семејството, сопствената држава.

Според Фила, ова време не е време за воздржаност. Ова е време “да се излезе и ако сакаш кажи – НЕ, но за тоа собери го семејството, кажи го тоа пред нив, не се затскривај”!

– Македонците, тоест граганите на земјата, треба да сфатат дека се тие само сламка сред виулица, во глобалните односи и интереси. Како што ќе се договорат, а веќе почнаа да се договараат Македонците и Грците, така ќе се договорат и Србите и Албанците за Косово. Светските сили немаат време за да играат локални игри, со локални играчи.Вам ви дадоа доста време, ви помагаа доста време, дури и предолго. Сега, на Србите им помагаа во ЕУ неколку години, видоа дека не оди, им ги напишаа точките што треба да ги исполнат. АКО НЕ СЕ ДОГОВОРАТ, ЌЕ ДОБИЈАТ САМО ПАРЧЕ ХАРТИЈА И ЌЕ ИМ БИДЕ КАЖАНО КАДЕ ДА СЕ ПОТПИШАТ “ЕДНАТА”, ОДНОСНО “ДРУГАТА СТРАНА” – додава Фила, несомнено еден од најголемите познавачи на состојбите на Балканот, ЕДЕН ОД најинформираните луге, човек кој е, или бил советник на Ивица Дачиќ, на патријартхот на СПЦ, конечно – човекот кој го испрати српскиот вожд Милошевиќ, за Хаг.

Тома Фила, ја сака Македонија, како своја татковина, како што ја сака Србија, каде одрастел, се школувал, стажирал кај својот татко- славниот Филота Фила, за потоа да ја преземе најпознатата адвокатска канцеларија во тогашна Југославија, подоцна Србија. Подеднакво ја сака и Грција, како земја на негово потекло (корените му се од островот Крф), така што, његошевски кажано, тој може целата ситуација на Балканот да ја оценува од дистанца,од повисоко, без пристрасност, без емоции.

Неодамна во Битола формираше фондација “Тома Фила”, со цел да го сврти вниманието кон младите правници – адвокати. Првата битолчанка, веќе ги жнее плодовите од неговата сеидба.

– Не само што и дадовме стипендија на Стефанија, туку една седмица беше во Белград, мегу колегите во мојата Канцеларија “Фила”. Сместена беше во престижен хотел, на полупансион, а можеше да го почувствува и кафеанскиот –боемски живот на Белград. Сето тоа на сметка на Канцеларијата, дури добиваше плус 30 евра џепарац на ден.Тоа, би биле среќни да гоподдржи Адвокатската комора на Македонија, но и самата да се вклучи во акцијата за создавање на подобри услови за старт на младите адвокати – забележува Фила.

Неизбежно, разговорот водеше кон најновите случувања во Белград и убиството на неговиот другар и колега , адвокатот Драгослав Миша Огњановиќ. Огњановиќ (57) како адвокат го застапуваше Лука Бојовиќ, водачот на „Земунскиот клан“, како и на членовите на неговото семејство, а исто така беше и еден од бранителите на Слободан Милошевиќ пред Хашкиот трибунал, но и на неговата сопруга Мира Марковиќ.
За овој случај, Фила вели дека нема, но, посредно, и има врска со политиката. Власта, вели, овозможи два црногорски клана да се пресметуваат на улиците на Белград.

– Во суштина ова убиство е одмазда, пресметка на два клана од белградското и српско подземје. Не е тајна дека рутите на пренесување на дрога, односно хероин на Балканот ги контролираат Албанците, а на кокаинот – Црна Гора е центарот за дистрибуција. Но, не кај нив, во некое село во некоја црногорска небиднина, зашто таму немаат кому да продаваат, туку во најголемиот концентрат на население на Балканот, а тоа е Белград, се пресметуваат. Просто кажано кланот мафијашки Бојовиќ, со убиството, врати за претходното убиство на адвокатот Зрелец, пред неколку години, од страна на кланот Шарановиќ.Тоа српската држава не смееше даго дозволи – дециден е Фила.

Фила дообјаснува дека сега убиениот адвокат, е некогашен делод тимот на Слобнодан Милошевиќ, повеќеприврзан кон Мира Марковиќ, тогаш како висок полициски чиноивник – инспектор по крвни деликти, а тоа значи убиства.Српската јавност го нарече “адвокат на ѓаволите”, што е всушност преземена секвенца од размислa на Тома Фила.

– Да, тоа е мое.Мене ме нарекоа “l’avvocato di un diavolo”, кога го бранев еден уиец Врбановиќ. Тоа е задачата на адвокатот и тој не смее да одбие никого. Кога сум јас во судницата, сум само адвокат. Човек сум само надвор од судницата. Ама за тоа не се разговара. Нон-сенс е тоа! Како може лекар да каже: е овој не го лечам, тој е од друга партија, или тој има убиено човек, или ограбил некоја банка!? Се брани човекот, а не неговото кривично дело!Тогаш зошто постојат мегународните организации на Црвениот крст, конвенциите за правила на војување, зошто заробените ранети непријателски војници, најнапред, ги лечат, а потоа ги судат?”. Во принцип, адвокат не смее да каже дека некого нема да брани.Еве јас, во мојата долга кариера, имам на два пати одбиено да бранам. Сега се каам за тоа, иако во првиот случај беше во прашање родоскрвнавење и убиство, а во вториот – убиство на дете од 6 години во Црна Гора, последниот тамошен случај со правосилна пресуда за смртна казна” – додава Фила.

Веле Митановски

Превземено од Либертас

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе