Иреални сазни од реалниот живот: Едмонд Темелко политички го упокои живиот мртовец Тодор Петров
Веста дека вчера попладне, во центарот на Скопје, во позната кафеана, е уапсен Едмонд Темелко, градоначалникот на Пустец, веднаш стана топ-сторија по медиумните и агрегатите.Не само што ги засена митинзите на партиите и изборите, туку, на некој начин, барем за медиумите блиски на сега опозициската ВМРО ДПМНЕ, стана и дел од изборниот процес.
Зовреа и социјалните мрежи, со осуда и поддршка – согласно македонскиот обичај, но и со ситење и невраедливи коментари – од една, односно сожалување – од друга страна. Главно според партиската определба на ФБ. коментаторите. Настрана шегата и сеирџиството, сепак, не се за отфрлање коментарите од типот: Зошто сега, зошто токму Темелко, што со тоа власта губи, односно добива, дали ќе триумфира, или ќе си пука во сопствената нога?
По Темелко беше распишана централна и меѓународна потерница, иако тој тврди дека бил во Македонија, од никого не бегал, туку одел сам да се пријави во Судот. При апсењето, можел само толку да им каже на новинарите дека не е уапсен, туку сам се пријавил, додека, пак, апсењето пред повикани камери, им оди на прилог на оние кои резонираат: Зошто сега, зошто токму Темелко, што со тоа власта губи, односно добива, дали ќе триумфира, или ќе си пука во сопствената нога?
Како и да е во живо на една телевизија и со полициска придружба Темелко е пренесен во истражниот затвор „Скопје“ каде ќе одлежи 30 дневен притвор, како еден од осомничените во случајот на СЈО „Титаник“.
Едмонд Темелко, во три наврати е градоначалник на единствената општина на етиничките Македонци во Албанија – Пустец. Нему му беше одземен македонскиот пасош, се пријавуваше во Судот во Скопје и во Ресен, каде живее со семејството, а секојдневно со албански пасош патуваше на работното место. Едмонд Темелко, со два пасоши, или две лични карти-сеедно ( за премин во Албанија не треба пасош), беше граганин – живееше во една, а чиновник на друга држава!?
Но ова не е единствена контраверза, поврзана со Едмонд Темелко, или кратко-Монди, како што го викавме ние пријателите. Ете, случајот сакаше, во Пустец да се најдам на денот кога братот Љубе, во својство на министер за внатрешни работи на Македонија, им делеше патни документи на Македонците во Албанија. Влеговме во иста колона, јас со возило на нашата амбасада во Тирана (инцијативата за радиото беше на тогашниот амбасадор во Тирана, Ристо Никовски), бидејќи токму тој момент го одбравме да ја внесеме техниката и опремата за радиото на Македонците во Пустец. Им подготвивме и соодветна компјутерска програма, песни и други содржини, а во Супер радио во Охрид, на обука поминаа едно момче и едно девојче од Пустец.
Македонска направија, покрај сите ризици и трошоци, радиото не беше со долг век, поради спорот кој ќе биде газда над него! Нормално, газдувањето го присвои градоначалникот Монди, додека момчето, по име Лазе, што го оспособивме да биде радио-новинар, денеска продава по пазарите низ Македонија за да обезбеди гола егзистенција!
За една болва го изгоревме јорганот! (Читај повеќе)