Истокот бара продолжување на локалните мандати, за општините да не биле „институции без значење“

Штип, 16.04.2017

Интернет поратлот МЕТА објави дека градоначалниците на општините од Источна Македонија преку петиција побарале Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) да поведе постапка за измена на Изборниот законик со цел да се обебеди законска можност за поместување на локалните избори.

Во информацијата се вели дека такво становиште завзеле и градоначалниците од ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ. Но, ако е тоа петиција од градоначалниците од источниот регион, тогаш не е јасно како кон таа петиција се приклучиле и градоначалници од СДСМ бидејќи во регионот такви нема.

Го побаравме Ратко Димитровски, претседател на Советот на Источниот плански регион во кој членуваат сите градоначалници од регионот, но тој не беше достапен за одговор. Затоа пак Дарко Митевски, градоначалник на општина Македонска Каменица љубезно ни појасни за што се работи.

„Ова прашање го отворивме на состанок на Источниот плански регион. Бараме измени во Изборниот законик зашто само на таков начин ќе биде овозможено општините нормално и законски да  функционираат се додека не ги добијат своите нови локални власти.  Во спротивно, по 15 мај, сите активности на локалните самоуправи ќе престанат зашто постојниот закон наведува на такво нешто“, ни рече Митевски.

Градоначалниците од овој регион сметаат дека без измените, нема да може да се одговари на барањата на граѓаните, да се управува со блок-дотациите, преку кои плата земаат илјадници вработени во училиштата и градинките, и нема да има плата за општинската администрација.

Општините, како што наведуваат во петицијата, веќе имаат штета од овој правно-политички вакуум, бидејќи не можат да продаваат градежно земјиште и да спроведуваат тендери.

Градоначалниците се убедени дека ќе има политичка волја да се надмине овој вакуум што им се заканува на општините. Од правен аспект тие се повикуваат на Уставот и член 114 кој гарантира услуги и права на граѓаните во локалната власт.

Но, дали зад едно вакво барање стојат и малубројните градоначалници од СДСМ не е познато. Такви на истокот од државата, од Берово преку Кочани, Виница, Пробиштип, Штип, Делчево, М.Каменица, Зрновци, Чешиново-Облешево, Карбинци….нема. на овој простор не постои друга локална власт освен онаа на вемерето.

(в.б.)

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе