Според неофицијални информации, девојката која синоќа скокнала од петти кат од зграда во Чачак починала во Белград на Клиниката за васкуларна хирургија.
Да потсетиме, се работи за седумнаесетгодишниот С.М од чачанското село Качулице. Пред трагедијата, наводно била видена во близина на Машинското училиште, иако била ученичка во Гимназијата во Чачак.
Засега никој не знае кои се причините зошто решила да скокне од петти кат од зградата на улицата Трнавска, каде што, инаку, не живее. Според нашите сознанија, таа се качила по скалите на петтиот кат, го отворила прозорецот во ходникот на зградата и скокнала.
Веднаш била примена во болницата во Чача, каде и биле констатирани повеќе повреди опасни по живот, па веднаш била префрлена во Белград, каде за жал синоќа починала.
На местото на несреќата полицијата и го пронашла ранецот, бидејќи таа вчера одела на училиште, но наместо во Гимназија, се упатила кон зградата од која скокнала.