КОЧАНИ: 22, 5 милиони денари за инфраструктурни проекти

Кочани, 13.06.2018

Со Одлука за распределба на средства од Буџетот на Република Македонија за 2018 година за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите, Кочани доби близу 4 милиони денари за реконструкција и изградба на улици.

Средствата ќе бидат наменети  за изградба на дел од улицата „Блаже Поп Арсов“ и за реконструкција на улиците „Стамен Манов“, крак 1 исток и „Славчо Стоименов“.

101–  Оваа поддршка од Владата на Република Македонија претставува поттик за нашата  локална политика со која посебен акцент ставаме на подобрување на инфраструктурата како во градот, така и во населените места. Продолжуваме со изработка на нови проекти, со што ги зголемуваме шансите за пристап до нови средства како од централната власт, така и од  фондовите на Европската Унија – соопшти градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

За шест месеци, за инфраструктурни проекти за Кочани се наменети близу 22 милиона денари од Владата на Република Македонија: 13,5 милиони денари за реконструкција на Центарот за култура „Бели мугри“,  3 милиона денари за изградба на кракови на улицата „Стамен Манов“,  2 милиона за дел од патот Крушка – Полаки и најновите, 4 милиони денари за улици во Ромското Маало.

Покрај финансирањето од централниот буџет, Општината дополнително издвојува и сопствени средства за реализација на градежни зафати. Посебно значајна е промената во приодот во оваа работа, затоа што, според Илијев, улиците кои се пробиваат и тампонираат, веднаш се асфалтираат.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе