Крива Паланка, 01.12.2017
Првата смена која изутринава пристигна на работа во кривопаланечката конфекција Веибо Груп, одби да седне зад машините. Работниците побараа да им биде исплатена барем една од двете плати кои газдата им ги должи.
Работничките се децидни дека нема шанса да седнат зад машините се додека не си добијат барем една од двете плати кои газдата им ги должи. Но. Газдата побарал од нив да потпишат отказни решенија кое работничките не го прифатија, информира Горан Трајков, синдикален лидер за овој регион.
Платата на вработените во оваа текстилна фирма изнесуваат од 9.000 до 12.000 денари. Иако платите се енoрмно ниски, ниту такви газдата не ги исплатува на време. Во Крива Паланка се пронесоа гласови дека сопственикот, турска компанија, најавил затворање на фирмата
Платата на вработените во оваа текстилна фирма изнесуваат од 9.000 до 12.000 денари. Иако платите се енoрмно ниски, ниту такви газдата не ги исплатува на време…
Градоначалникот Борјанчо Мицевски извести дека за протестот кој се одвива во конфекцијата се запознати сите институции, а бил информиран и инспекторатот за труд кој веќе бил на терен.
Веибо Груп е една од оние фабрики кои ги промовира екс премиерот Никола Груевски како голема странска инвестиција. Тогаш Груевски вети дека во Крива Паланка ќе никне фабрика која ќе отвори 5.600 нови работни места. Од тоа не излезе ништо, во фабриката денес има само 200 вработени. Веибо Груп стана познат во негативен аспект во 2015 година кога газдата побара од работниците да се откажат од надоместокот за К-15, кој законски им следува. Наместо да го добијат законскиот надомест работниците биле дочекани со списоци на кои се барало да се потпишуваат дека нема да примаат К-15. Газдата се правдал со големи загуби но вработените не му поверуваа, а на оние кои одбиле да се потпишат им биле упатувани закани за отказ од работа,