Јас како млад граѓанин мојата иднина и иднината на мојата држава ја гледам како европска иднина. Ова е историска можност, каде сите ние треба да донесеме одлука со која ќе ги избереме ЕУ и НАТО, Македонија да биде дел од големото европско семејство. Да ја обезбедиме нашата иднина, токму ние младите треба да гледаме за европска иднина, ова историска шанса треба да ја искористиме, бидејќи сите генерации од почетокот на независна Македонија, зборуваа за перспективите од Европската Унија и НАТО, а токму ние ја имаме таа можност да го обезбедиме тоа. Нашата држава ќе биде рамо до рамо со сите модерни развиени демократски земји, каде што децата, ние младите ќе имаме перспектива, добро образование, квалитетно здравство, каде што ќе има економски раст и развој, каде што ќе има прогрес, Македонија може и ќе биде убаво место за живеење, младите тука во нашата држава ќе успеваат и затоа оваа историска шанса треба сите заедно да ја зграпчиме и да одиме напред! За нас не постои алтернатива, затоа на 30 септември треба сите заедно да си ја осигуриме иднината на нашата земја. ЕУ и НАТО се единствениот пат по кој може и треба да се движи Македонија. Ние избираме да одиме напред, кон подобра иднина, преку членство во Европската Унија, бидејќи не сакаме да останеме заглавени во неизвесност, ризик и изолација. Членството во ЕУ ги зголемува домашните и странските инвестиции. Новите инвестиции ќе отворат нови работни места, ќе се зголеми домашното производство и ќе се подобри животниот стандард. Влегуваме во безбедносен штит на најмоќниот воен сојуз во светот. Трајно ќе ги заштитиме нашите граници и територија. Македонија станува фактор за стабилност во регионот. Членството во НАТО Алијансата ќе донесе нови и големи странски инвестиции во економијата на Македонија. Инвестициите отвораат нови работни места, ќе пораснат платите и ќе се зголеми извозот. Ние сме на чекор од ЕУ и НАТО, затоа на 30 септември сите заедно да излеземе на референдумот кој што е од големо значење за сите нас, да кажеме за ЕУ и НАТО, да бидеме горди што токму ние ќе ја испишеме и обезбедиме европската иднина, 30 септември е ден кога треба сите заедно да ја зграпчиме шансата и преку гласот ЗА да обезбедиме членство во НАТО и ЕУ, да обезбедиме и осигуреме европска иднина. На 30 септември ќе гласам ЗА ЕУ и НАТО, на 30 септември ќе гласам и ќе бидам дел од генерацијата што ја обезбедила европската иднина на сите граѓани.