Берово/Пехчево 09.06.2019
Новинарите од регионалниот центар „Исток“ кој е во рамките на Здружението на новинари на Македонија викендов во Берово и Пехчево работеа на стратегијата за работа на својот регионален центар за оваа и идната година. Оваа стратегија ќе биде составен дел од стратегијата која се изработува во ЗНМ за период 2019 – 2013 година.
Тони Михаилов, претседател на регионалниот центар „Исток“ појасни дека овој центар работи на својата стратегија за оваа и идната година, како работа од прв приоритет, а на наредни работилници ќе ја прошири стратегијата до 2023 година од која приоритетните насоки на новинарите од регионот-членови на ЗНМ ќе бидат вградени во националната стратегија на ЗНМ.
На работилницата беше заклучено од ЗНМ да се бара во неговата стратегија да биде поместен заклучокот во управните органи на Здружението да има рамномерна застапеност на новинари од регионалните центри и од Скопје, што сега не е случај. Второто барање кое ќе биде упатено до ЗНМ е барањето за финансиска поддршка на регионалните центри за нивните активности, при што не се бараат пари туку се бара поддршка на определен број работилници и дебати кои ќе ги организираат центрите во шесте региони.
Третото барање код од овој центрар ќе биде упатено до ЗНМ е да се изготви проект за организирање обуки со лицата кои работат на ПР на локалните самоуправи но и со советниците при Општинските совети.
-Имаме потреба од своја канцеларија каде ќе можеме да ги архивираме нашите документација, да оддржуваме блиц средби, да се договарама за разновините активности.Тоа ќе го бараме од ЗНМ, вели Михаилов.
Една од работите на кои ќе инсистира РЦ „Исток“ е докрај и безусловно да биде реализирана идејата на ЗНМ според која сите национални медиуми задолжително да имаат свои платени дописници од регионите и поголемите општини. –„На ваков начин ќе се отворат можностите за нас младите новинари зашто денес речиси сите порти ни се затворени“, е ставот на Николина Атанасова, дипломиран новинар на УГД.