Штип, 03.04.2019
Традиционалните „Источни оскари“ кои новинарите од регионалниот центар „Исток“ ги доделуваат во рамките на својата манифестација „Најдоброто од источниот регион“ ќе бидат доделени на пригодната свеченост на 05.04.2019 година (петок) во 19,30 часот во амфитеатарот на Меѓунардонито славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе каде оваа манифестација се одржува по петти пат.
Добитници на признанијата за 2018 година се:
Кирчо Стојов од Кочани, кој е прогласен за најхумана личност во регионот:
Д-р Александар Мишев, специјалист по очни болести во Клиничката болница во Штип, за најдоброто во здравството:
Викторија Димитрова Јованова, новинар на 2018 година:
Академик, проф.д-р Блажо Боев, ректор на УГД, најдоброто во областа на науката
Рудник САСА, најдобриот стопански колектив во последната петолетка:
Драгица Здравева, раководител на Центарот за развој при Источниот плански регион, менаџер на 2018 година:
Макпрогрес-Виница, најдобра компанија во областа на општествената одговорност:
Амфенол Технолоџи-Кочани, најдобра странска инвестиција
Регионален центар за застапување, најдобра невладина организација:
Љупка Стојменова-наставничка од Кочани, најдобра во образованието:
Фармахем, најдоброто во областа на заштитата на човековата околина:
Сцена 71, градска театарска група од Свети Николе, најдоброто во културата:
Витаминка Прилеп, најдобра домашна инвестиција со рестартот на фабриката за масло Брилијант-Штип:
ФК Кит Го – Пехчево, најдоброто во спортот;
Република Словенија, најдобриот пријател на регионот;
Анѓелка Пеева Лауренчиќ, најдобриот амбасадор на регионот во Скопје.
Вечерта ќе ја отвори Николчо Илијев, градоначалник на Кочани, во својство на претседател на Источниот плански регион.
Високите остварувања на сите добитници ќе бидат прикажани во кратки филмови.
Во програмата ќе учествува штипската пејачка група ГоМиЖиСто и ИВАНА.
Влезот за сите заинтересирани е слободен.