Охрид во сите бои на светот: Традиционален фолклорен фестивал, ,,Здравко Банар” (ГАЛЕРИЈА)

Охрид, 10 август 2018  

– По осумнаесетти пат, во екот  на главната летна туристичка  сезона , во  Охриди Струга,  се одржува интернационалниот детско-младински фолклорен фестивал, ,,Здравко Банар”.

Во рамките на фестивалот, се организираат мноштво активности и концерти, секоја година –  од април па се до октомври.

Синоќа, на градскиот плоштад “Св.Климент Охридски”  на  концертот, односно  изведбите и импресивниот колорит на носиите, уживаа илјадници туристи од земјата и светот.

Тие, ја имаа ретката прилика, на едно место, да се запознаат со фолклорот на Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија, Русија, Република Српска, и Турција.

Фестивалот продолжува до крајот на месецов, а наредниот концерт ќе се одржи на истата сцена во Охрид, на 18. август.

– Целта на овие фестивалскиманифестации е да се зачува и збогати нашето фолкорно наследство, како и летната културна понуда на  двата наши, крајезерски туристички центри- Охрид и Струга. Низ разновидни песни, игри и обичаи, се гради мост на пријателства помегу земјите и народите, а  истовремено се оживува минатото, поврзувајќи не со сегашноста, вели организатор на фестивалот “ФА Охрид 2010“,  директор и голем ентузијаст,  Здравко Јакимоски.

20 19 18 15 13 10 9 7 5 4

 

Веле Митаноски

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе