Охрид подготвен за манифестацијата „Езерска средба, Охрид -2018“

Во сабота, 24 март, во организација на огранокот на Зружението   на ветерани  од одбраната и безбедноста на Република Македонија, а под покровителство на градоначалникот Јован Стојаноски, ќе се одржи манифестацијата „Езерска средба, Охрид -2018“.

На средбите покрај гости од земјава ќе присуствуваат и претставници на сродни здруженија  од Албанија,Бугарија и Србија.

На денешната  прес конференција што се одржа по  тој повод  беа изнесени деталите за случувањата во сабота.

Претседателот на Зружението   на ветерани  од одбраната и безбедноста на Република Македонија, генерал Филип Котели, го најави учеството на првите луге на националните асоцијации на ветераните од Албанија и Бугарија.

– Формален повод за  одржување на оваа манифестација е одбележувањето на 10 годишнината од успешното делување на Општинската организација за општините Охрид и Дебрца, која е матица на собирање на ветераните од цела Западна Македонија. Го истакнувам фактот што прославата  ја организираме заедно со локалната самоуправа на Охрид и под покровителство на градоначалникот Јован Стојаноски и што по негова покана ќе присуствуваат градоначалниците кои гравитираат околу Охридското и Преспанското Езеро.Би сакале да постане некаква трајна форма на поврзување,соработка и разбирање на народите од трите соседни пријателски земји. Што се однесува до нас ветераните, во секое време сметајте на нашата целосна подготвеност, на нашето искуство и знаење, во реализацијата на плановите и активностите на општините за добробит на нашите граѓани – истакна генерал Филип Котели.

Секретарот на општината,  Игор Бежоски  се осврна на значењето и придобивките за Општина Охрид  од организирање на вакви манифестации.

Убедени сме дека со оваа манифестацијата, која се организира во рамките на одбележувањето на 10-годишнината од успешната работа на Општинската организација на Здружението на ветераните ододбраната и безбедноста од Охрид, се отвораат нови можности за соработка и промоција на нашиот град во регионот.На „Езерската средба“, како што е најавено,  покрај ветераните од западниот дел на Република Македонија, ќе учествуваат и гости од здруженија на ветерани од Република Албанија,Република Бугарија и Република Србија. Имајќи ги во вид бенефитите од организирањето на вакви средби, градоначалникот Јован Стојаноски, ги покани да учествуваат и  градоначалниците од градовите околу Охридското и Преспанското Езеро.Тоа ќе биде можност за разговори за резултатите од досегашната, пред се прекугранична соработка, како и за нови заеднички проекти кои би биле поддржувани од европските фондови.Се надеваме дека ваквите средби на ветераните од одбраната и безбедноста ќе прераснат во традиционални, а веројатно ќе ги мотивираат и гостинските здруженија од земјите од соседството да организираат слични манифестации во своите средини – подвлече Бежоски.

Претседателот на Општинската организација на ветераните од одбраната и безбедноста,  Добре Вељаноски посочи дека  манифестацијата „Езерски средби- Охрид 2018“  започнува  во сабота во 9 часот наутро со спортски активности  пред бараките наспроти хотел „Гарден“ .

Централниот  настан на одбележувањето ќе биде Свечената седница што  ќе се одржи во големата сала на општина Охрид со почеток во 14,00часот на која  е предвидено да се обрати и градоначалниот Јован  Стојаносики кој е и покровител на манифестацијата.
На  седница ќе учествуваат високи претставници на сродните национални асоцијации од Република Бугарија, Република Албанија и Република Србија.

Се очекува и присуство  на градоначалници  од   Струга, Ресен, Дебрца, Вевчани од македонска и Корча, Елбасан, Пешкопија и Берат од албанска страна.

На свечената седница ќе бидат доделени дипломи,благодарници и признанија на соработници, гости и заслужни членови на асоцијациите на ветераните.

За  гостите од земјава и странство општина Охрид организира  посета и разгледување на културно-историските знаменитости во старото градско јадро.

(Крај)

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе