Охрид, 20 мај 2019
Светската академија на поезијата при УНЕСКО (Accademia Mondiale della Poesia), се огласи со поддршка на претстојната манифестација – Првиот Балкански поетски камп за деца и млади, насловен: “Поетски искри од огништето на Ванчо Николески”.
– Светската академија на поезијата го подржува и учествува во проектот на Здружението за култура, литература и издаваштво, со кој се воспоставува детски поетски камп за детска поезија во селото Црвена Вода, во близина на родната куќа на познатиот книжевник.Во траење од неколку дена, во Кампот ќе престојуваат деца кои пишуваат поезија како и автори на песни за деца од различни балкански земји.Целта на овој проект е да ја афирмира поетската реч, посебно поезијата за деца од балканските земји, стои во дописот, потпишан од генералниот секретар на Академијата, Лаура Троиси.
Кампот, прв ваков и единствен досега на балканските простори, од 16 до 20 јуни, ќе се одржува во Охрид, Лескоец – крај Охрид, Струга, Вевчани и селото Црвена Вода, општина Дебрца, родното место на бардот на македонското литерарно творештво за деца и млади, писателот Ванчо Николески.
Организаторот, Здружението за култура, литература и издаваштво “Мацково”, од Охрид, обезбеди учество на деца од основни училишта од земјата – “Истигбал” од Тетово и “Ванчо Николески” од Лескоец, потоа од училишта во Вршац, Панчево и Лесковац – Република Србија, како и од Албанија, Бугарија, Косово, Црна Гора и Грција.
Проектот се одржува со поддршка од соселаните на Ванчо Николески, од питоресткното подкараорманско село Црвена Вода, Министерството за култура, општина Дебрца и спонзори и поддржувачи.
Почетокот, ќе се одбележи со свечено отворање, на 17 јуни, претпладне во Основно училиште “Ванчо Никоелски” во Лескоец, крај Охрид, по што следи посета и полагање цвеќе на гробот на Ванчо Николески во Охрид.
Учесниците, првиот творечки ден ќе го минат во Вевчани, а ќе го посетат и седиштето на СВП во Струга.
Наредните три дена ќе творат во Белчишта, седиштето на општина Дебрца, а најповеќе во Црвена Вода – пред родната куќа на писателот Ванчо Николески и во училишната зграда, каде, најнапред учел, а потоа и учителствувал писателот Николески, авторот на култниот роман за деца “Волшебното самарче”.
Со младите поетски надежи од Балканот, ќе работаат поетот Трајче Кацаров, кој ќе им го претстави неговиот роман за деца „Не паркирај гаража“, за кој е последниот добитник на книжевното признание – наградата за деца и млади “Ванчо Николески”, за 2018 година, на ДПМ.
Во тајните на детскиот поетски стих, младите ќе ги воведуваат и Петко Шипинкароски, писател и поет, публицист, драматург, ессеист и литературен критичар, односно Тоде Илиески, поет, писател за деца и млади, сатиричар, хуморист, преведувач, енигматичар и шаховски проблемист.
Најстариот селанец од Црвена Вода, на децата ќе им пренесе лични спомени од детството на Ванчо Николески.
(Веле Митаноски)
Писмо на поддршка:
Verona, 06.12. 2018.
OGGETTO: Dichiarazione di sostegno e partecipazione al progetto progetto “Scintille poetice del focolare di Vanco Nikoleski” – Associazione per storia, cultura, letteratura, editoria, ecologia ed eco turismo “Mackovo”, Ohrid – Macedonia
Accademia Mondiale della Poesia sostiene e partecipa al progetto “Scintille poetice del focolare di Vanco Nikoleski” – Associazione per storia, cultura, letteratura, editoria, ecologia ed eco turismo “Mackovo”, Ohrid – Macedonia.
Il progetto prevede stabilimento di un Campo della poesia per bambini nel villaggio Crvena voda, nei presi della casa natale/memoriale del famoso scrittore. Per un periodo di alcuni giorni saranno soggiornati i bambini quali scrivono le poesie, come anche scrittori delle poesie per bambini da diversi paesi dei Balkani.
Lo scopo di questo progetto sarebbe l’affermazione di parole poetiche, in particolare la poesia per bambini, cosi come l’espansione della cooperazione e amicizia tra scrittori e bambini dei paesi balkanici.
Segretario Generale / Generalni sekretar Laura Troisi