Пакетчиња за сите деца од Македонска Каменица и донации од рудникот САСА за новогодишните празници

Македонска Каменица, 28.12.2018

Рудникот за олово и цинк САСА обезбеди финансиска поддршка и учествува во организација на сите активности за обележување на новогодишните празници во општина Македонска Каменица.

SASA_FOTO 5_Ucilisha priredbaПокрајдоделените социјални пакети за 50 лица од ранливи категории, на заедничко дружење со менаџментот на САСА беа доделени и новогодишни подароци и пакетчиња на лицата со посебни потреби.

SASA_FOTO 4_Dodeluvanje podaroci za decataДополнително, компанијата им додели новогодишни пакетчиња на сите деца во Македонска Каменица, од предучилишна возраст, па сѐ до четврта година средно образование.

SASA_FOTO 2_Podaroci za lica so posebni potrebiСреќни сме што и оваа година, САСА како компанија има можност да го даде својот придонес и да помогне сите кои се дел од оваа заедница да ја почувствуваат топлината на новогодишните празници. Ова е период на дарување, а со доделените социјални пакети, подароци и пакетчиња досега реализиравме само дел од планираните активности со кои, во рамки на нашите можности, ќе ја завршиме годинатаво празничен дух. Покрај тоа, чест ни е што годинешната новогодишна честитка на САСА е со дизајн на членовите кои се дел од огранокот на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ во Македонска Каменица. САСА одвојува значајно време и ресурси за реализација на проекти и активности во доменот на општествената одговорност, а тоа ќе продолжи и во годината која следи“, изјави Олег Телној, генерален директор на САСА.

Исто така, покрај традиционалната прослава за вработените во Рудник САСА, компанијата и оваа година организира предновогодишно дружење и забава за сите граѓанина Македонска Каменица. Дополнително, претставници на рудникот во текот на новогодишните празници ќе ги посетат дежурните медицински екипи во градот и ќе им поделат пригодни подароци.

Сите новогодишни активности САСА ги реализира во соработка со Општина Македонска Каменица.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе