ПАРТИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИ го осудува лицемерното, срамното, ненародното и деструктивно однесување на пратениците од опозиционите партии
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Скопје, 17.04.2021
ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на албанците и Алтенатива, партии на опозицијата наместо да стојат на дадениот збор за деблокирање на Собранието, по којзнае кој пат потврдија дека никогаш искрено не се залагале за потребите на социјално засегнатите граѓани, работниците и економијата.
Пратениците на опозиционите ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на албанците и Алтернатива, користејќи го фактот дека мнозинството во Собранието, кое е тесно, поради епидемијата со Ковид-19 ќе се соочува со проблем за обезбедување на потребен кворум за работа, со непринципиелни и подли пресадани и постапки, кои во основа секогаш се на штета на граѓаните и по кои се познати во целиот период на нивното делување, со месеци го држат во „заложништво“ Собранието и неопходно потребната помош за голем број на граѓани, компании и економијата, а сега го одложија донесувањето на 5-от пакет на мерки за помош.
„Договорот“ за одблокирање на Собранието е општ, тој покрај другото условува и меѓусебно да се повлечат, можеби и претходно взаемно договорени, илјадници амандмани, со кои воведоа пресадан за вршење непринципиелен притисок за се и сешто. Договорот всушност подразбира дека позицијата и опозицијата нема да го злоупотребуваат отсуството на заболените пратеници од Ковид-19.
Но како и секогаш досега пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и АА, понесени од сопствените фрустрации, а во обид да се прикажат како „добрите момчиња“, пак се вратија на тоа што најдобро го знаат да манипулираат, спинуваат, да ја искривуват вистината и тоа секогаш на грбот на народот.
Но граѓаните го „прочитаа“ нивното лицемерие и лажен патриотизам оптоварен со завист, подмолност, конфликтност и деструкција.
Нивните блокади се „прочитани“ и ќе бидат поразени, измените на законите донесени, а граѓаните, работниците, компаниите и економијата ќе ги добијат своите плати и неопходно потребната државна помош, се вели во соопштението на Партијата на пензионери.