Охрид, 23.10.2017
Начинот на кој Груевски, ја поима и сака да гради правна држава, ме потсетува на мајтаплуците на нашиот брилијантен британски колега и писател (“Како да се биде странец”), од унгарско потекло, George Mikes: Еден од начините да престане крадењето, е да го прогласите за легално! За, да се намали бројот на сексуалните злосторства – да се дозволи силувањето! Да се избегне можноста, силеџии повторно да влезат во Собранието да убиваат пратеници – тоа да се легализира, на начин што потенцијалните убијци ќе ги амнестирате!
Груевски нема ништо заедничко со насилниците во Собранието! Ама,сепак, тој се дава да го апсат и судат – него, а не нив, затоа што тие не се виновни, бидејќи “понесени од емоциите” (не кажа какви !?), тргнале во крвав пир да убиваат пратеници, во содејство на нивни колеги – од партијата на Груевски. Ела, сега, суди кој е “запрашен”, а кој – “помрачен”!?
И конечно:Груевски откри зошто Македонија била “запрашена” и “помрачена”: “Се додворувавме на некои други, по теркот на СДСМ, ама не казнија нашите”!? Превртена логика,или,перцепција на чафката: Научно е докажано дека се што ние гледаме како црно,чавката го гледа како бело!!!
(ФБ статус на Веле Митаноски)