Свети Николе, 17.11.2017
По повод Меѓународниот ден на студентите, 17-ти Ноември, од денес библиотеката на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе ја краси големата „елка на знаење“.
Новогодишната елка создадена од неколку илјади книги ќе биде во Универзитетската библиотека се до почетокот на идната година.
Библиотеката на Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе располага со голем библиотечен фонд на македонски, руски, англиски, српски, бугарски и други јазици. Таа нуди бесплатно членство за сите студенти на Универзитетот.
(м.ѓ.)