Свети Николе, 21.10.2019
На Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Нколе се одржа специјализирана практично-показна работилница на тема „Заштита при внатрешен транспорт и складирање“.
Предавачи беа доц. д-р Сузана Зиковска од Факултетот за безбедносно инженерство при МСУ и доц. д-р Слаѓана Ангелкоска од Факултетот за психологија при МСУ.
Сите учесници добија сертификати за учество, а учесниците со лиценца за вршење стручни работи од безбедност и здравје при работа добија потврди со кои можат да се стекнат со 10 бода од Министерството за труд и социјална политика.
На обуката присуствуваа претставници од повеќе фирми и експерти од оваа област и учениците од Машинската струка при СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе.