СДСМ И кочанскиот градоначалник одново ја спукаа

Кочани, 29.06.2017

  • СДСМ обвини за решенија со кои се унапредни 11лица во локалната администрација, градоначалникот се пофали со нови зафати кои биле во тек

Општинската организација на СДСМ во Кочани и градоначалникот на овој град Ратко Димитровски одново ја спукаа. Социјалдемократите од Градот на оризот го обвинија Димитровски за непотизам и партизација во локалната администрација, а тој им возврати со работи кои биле во тек.

SDSM KOCANI PRES-Граѓаните се сведоци дека деновиве, во пресрет на претстојните локални избори, градоначалникот и секретарот на Општината потпишаа решенија со кои 11 лица ги унапредуваат на повисоки функции. Со новите решенија градоначалникот Ратко, Димитровски ја унапреди својата снаа во раководител на Секторот за планирање и развој, а ќерката на секретарот Петар Апостолов доби статус на советник во Одделението за информатика. Слично е и со партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои во иднина ќе извршуваат одговорни функции, иако се со краток работен стаж и искуство, рекоа од СДСМ..

Од оваа партија порачаа дека биле лажни и лицемерни ветувањата на Димитровски дека во локалната администрација ќе го почитува професионализмот и стручноста. Со ова се докажува дека за сите овие години тој работеше само за себе, за своето семејство и партијата.

RATKO-Доаѓа време кога тој и неговата партија ќе понесат политичка одговорност за своето неодговорно работење. Веќе оваа есен, граѓаните на Кочани ќе изберат нова локална власт предводена од СДСМ, која ќе се грижи за граѓаните и ќе стави крај на непотизмот и на личните и партиски интереси, порачаа социјалдемократите од денешниот прес.

Не требаше да се чека долго на одговорот на Димитровски на пресот на ОО на СДСМ. Тој потенцира дека со жалење констатирал дека СДС во Кочани сеуште се занимава со она што не постои.

-Она што беше редовна работа во Општина Кочани, а беше прекинато со парламентарните избори кои во три наврати ги закочија истите луѓе, се спроведува сега, по завршувањето на изборите. Ние не се занимаваме со такви работи, ние работиме на проекти за Општина Кочани и им препорачуваме на граѓаните да го погледнат Отчетот за сработеното и потсетуваме на моменталните активности на улиците „Гоце Делчев“ во Оризари, „Карпошово востание“, „АСНОМ“, изградбата на малите улици во сите населени места во Кочанско, како и проектите за изградба на браната Речани и Пречистителната станица за отпадни води, порача Димитровски.

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе