Охрид, 24 март 2018 година
Денеска, во организација на Зружението на ветерани од одбраната и безбедноста на Република Македонија, а под покровителство на градоначалникот Јован Стојаноски, се одржи манифестацијата „Езерска средба, Охрид -2018“.Како повод беше искористено одбележувањето на 10 годишнината од работењето на охридскиот огранок на Здружението.
На средбата, присуствуваа претседателот на Зружението на ветерани од одбраната и безбедноста на Република Македонија, генерал Филип Котели, почесниот претседател, пратеникот генерал Илија Николовски, како и претседателите на националниоте здруженија на ветераните од Бугарија- генерал Топалов, на Албанија – генерал Кондури, претставници од Србија и други гости.
Хорот на Средношколскиот центар Свети Климент Охридски,ја интонираше химната на Република Македонија, а ја изведе и охридската старогардска песна Биљана платно белеше.
Покровителот на манифестацијата, градоначалникот Стојаноски,во својот поздравен збор ја нагласи континуираната поддршка и помош што општина Охрид ја дава на невладинио т сектор,особено за проекти кои ја интензивираат прекуграничната соработка и отвораат можност за заеднички настап со проекти пред европските фондови.
Стојаноски ја нагласи определбата, овој настан да се искористи како повод, да прерасне во трајна форма на поврзување,соработка и разбирање на народите од трите соседни пријателски земји во реализацијата на плановите и активностите на општините за добробит на нашите граѓани.
Истовремено, рече тој, со оваа манифестација се отвораат нови можности за соработка и промоција на нашиот град во регионот. Негови гости беа градоначалниците од општините во Македонија и Албанија кои гравитираат околу Охридското Езеро.
Претседателот на општинскиот огранок на ветераните од одбраната и безбедноста, за општините Охрид и Дебрца, Добре Вељаноски посочи дека низ досегашното работно искуство и делување тие ги реализирале планираните активности не само во нашиот град и двете општини, туку и пошироко во цела Западна Македонија.
– Особено ни е секојдневна и сеопфатна соработката со Здружението на борците и подржувачи од Охрид, при што со задоволство ја истакнувам нашата активност во негувањето и афирмацијата на револуционерните и борбени традиции.Во општина Дебрца, оспособивме 4 спомен објекти, како наш придонес за одбележување на настаните од НОВ: Спомен соба –НОВ во Дебрца (Белчишта), Спомен дом на Првата македонско косовска борбена бригада (Сливово), Спомен дом на ГШ на НОВ и ПОМ (Црвена Вода) и Спомен соба на Шестата бригада и баталљонот “Мирче Ацев” (Годивје) – нагласи Вељаноски.
Претседателот на Зружението на ветерани од одбраната и безбедноста на Република Македонија, генерал Филип Котели, акцент стави на заедничкото делување на ветераните и младото членство, додека за резултатите рече дека се тие плод на искуството,младоста и ентузијазмот.
КОТЕЛИ: Спојот на искуството и младешкиот ентузијазам, денеска во Охрид собра најповеќе генерали и полковници по квадратен метар во регионот
– Формирани сме 2001 година, имаме 13 ограноци во земјата со над 1.400 членови. Инцијатоири сме на зближување на земјите и народите.Многу блиску соработуваме со албанската асоцијација, на кој план е најактивно членството од Охрид, потоа со Бугарија, Србија, Хрватска, Србија,Словенија и Романија.Се поврзуваме и со нашите колеги од БиХ и Унгарија.Што тоа значи, практично ќе ви кажам дека на ова место, во овој простор, во овој момент има најмногу генерали и полковници на квадратен метар во поширокиот региона на Западен Балкан и ЈИ Европа-потенцираше Котели.
На свеченмта седница ковореа и гостите од националниоте асоцијации на Бугарија и Албанија. Беа доделени дипломи,благодарници и признанија на соработници, гости и заслужни членови на асоцијациите на ветераните.
За гостите од земјава и странство,домаќините организира посета и разгледување на културно-историските знаменитости во старото градско јадро, како и заедничка прослава и веселба во хотелот Нова Ривиера.