Сиромашните деца на Кочани се срамат од својата сиромаштија

Кочани, 17.07.2017

Ниту едно дете не се одзва на повикот на Општина Кочани за бесплатни курсеви за пливање. Огласот важеше до 15 овој месец, а право да се пријават имаа деца од социјално ранливи категории. Во Кочани коментираат дека децата, а и нивните родители, се срамат од сиромаштијата и не сакаат јавно да ја промовираат својата беда.

^AC13316195FFF36BD59BB1382DFE40A0DE250F76EE4852BAE3^pimgpsh_fullsize_distrОваа состојба беше воспоставена пред седум години, но годинава нема да има таков курс. Ако на почетокот имаше околу 30-40 пријавени деца, минатата година курсот беше за само едно дете.

На родителите од вакви семејства дополнителен товар им е тоа што мора да вадат документ со кој докажуваат дека најмалку еден од родителите е невработен. А тое е услов за бесплатно да се учи пливање.

Летово Градскиот базен е најпосетеното место за дневен одмор и рекреација на кочанци, а тука е и езерото Гратче со истоимениот Евро хотел и сите содржини кои ги пружа природата со вештачкото езеро и спомнатиот хотел.

 

 

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе