Охрид, 21.01.2017
“Малку со арно, малку со ќотек”, беше девизата на ресенчанецот, од старото, “изворното” ВМРО, кој стигна до највисоките политички функции на царска Балгарија!? Доследен на изворноста, Груевски, денеска, “само” еден век подоцна, ја спроведува истата тактика: те молејќи го, те уценувајќи го Али Ахмети! Те со “првото интервју за албански весник”, во кое тој прави попис на сите доброчинителства кон Албанците, те со политичката уцена и впрегнувањето на обвинителството и финансиската полиција кон Бејта (потпретседателот), читај-кон Али Ахмети (претседателот на ДУИ). Просто е неверојатно, како неговите медиумски труби, денеска, така дегутантно, пекаат по Ахмети, заборавајќи на “краткото паметење” дека Никола “полесно ќе си ја исечеше раката, отколку да се ракува” со Ел Команданте, дека ДУИ, коалицирајќи со Никола, треба истовремено да коалицира и со Владимир Голубоски, од коалицијата на Никола, а, кој, нели “им ги поткаструваше ноктите и крилата на Албанците”!?
2.
Не ја направи Трамп кризата, туку кризата го направи Трамп – претседател на најмоќната земја на планетата земја.Тој само вешто ја искористи, како плодно тло за популизам, што се виде и од неговиот говор. А нашите “Трамповци”, ќе си останат со “прстот вуста”, ако се надеваат дека ќе се огреат и ќе најдат спасение кај него! Америка-пред се, е неговата девиза! Што таа добива, ќе праша Трамп, од тоа што некои таму со трампави уши таму некаде, во Македоња, му се додворуваат и упикуваат!?
Фејсбук статус на Веле Митаноски