„Струшки книжевни средби – 2018“: Наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“ ги примија Владимир Плавевски, односно Елена Пренџова
Струга, 6 јули
– Денеска, на вториот ден од тридневната традиционална книжевната манифестација, „Струшки книжевни средби – 2018“, беа доделени наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“, кои ги примија Владимир Плавевски, односно Елена Пренџова.
Наградата „Книжевна далга“, за 2018 годинава, му беше врачена на добитникот Виктор Шеќероски, од Белград.
Наградените автори денеска претпладне ги прими градоначалникот на општина Стругга, Рамиз Мерко, додека на доделувањето на наградите присуствуваше секретарот на општината Соња Стојкоска.
Вечер во Вевчани, во Спомен куќата на Михајло Пупин ќе биде доделена и наградата „Книжевни бранови“ за најдобра прочитана песна на средбите, како и наградата „Струшко слово“ на Никола Шимиќ Тонин (Хрватска) и Јордан Ѓорчев (Македонија),
Пред учесниците, поздравна реч, ќе има градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски.
Манифестацијата, утре се сели во општина Дебрца, каде домаќин на учесниците е градоначалникот Зоран Ногачески.
Покрај приемот, за учесниците е планирано разгледување на Ликовната галерија во село Белчишта, како и на природниот резерват “Сини Вирој”, а потоа во селото Црвена Вода – посета на родната куќа и “Спомен собата” на писателот Ванчо Николески, родоначалник на македонската литература за деца.
Претседателот на Собранието на ДПМ, професор д-р Христо Петрески и поетот и член на Светската академија на поеззијата при УНЕСКО, Мајо Даниловиќ, ќе откријат Спомен плоча на куќата на Ванчо Николески.
Во Црвена Вода, учесниците и присутните гости, ќе имаат можност да го погледаат ИЗБОРОТ од вредните дела на реномирани ликовни уметници–учесници на Ликовната колонија “Дебрца”, мегу кои: Јордан Манасиески, Ѓоко Целески, Васко Ташковски, Јоне Симонче, Вангел Наумоски, Сергеј Андреески, Мето Георгиевски, Петар Мазев и многу други–нагласи Митаноски.
На самото место, на мини ”Ликовната колонија”, свои ликовни дела ќе создава познатото уметничко и брачно дуо: Емилија и Стојче Тоциновски од Скопје, единствени, како такви, на Балканот.
Поетите ќе читаат песни од своето творештво. Македонските и српските автори се членови на здружението „Бран“ од Струга и „Седумка“ од Франкфурт на Мајна – Германија, додека од Хрватска,се членови на “ХKД” од Задар и “Ритам мисли” од Вараждин.
Тие во Македонија доагаат во соорганизација на невладината асоцијација, “Хрватско-македонската Тагента”, а ќе ги позздрави членот на Тангентата амбасадорот Љупчо Арсовски, кој и ќе ги поздрави.
Годинава на Книжевната манифестација „Струшки книжевни средби–2018“, има учесници од Македопнија, Србија, Хрватска, Албанија, Русија, Германија и Словенија.