Штип, 03.12.2016
Илјадници полнолетни штипјани се пријавуваат во Општинскиот изборен штаб на СДСМ и здружената опозиција за утрешното патување на големиот, сенароден митинг за ослободување на Македонија од десетгодишниот тоталитаризам што во 2006 година го воведе врхушката на ДПМНЕ и фамилијата.
„Навалицата е голема, сите сакаат утре во 18 часот да бидат пред Владата на Македонија на историскиот митинг со кој народот ќе ја делегитимира ненародната власт. Млади, средовечни, мажи, жени, пензионери и пензионерки, штипјани дојдени од САД, Канада, од Европски држави, каде заминале поради бесперспективноста која и ја скрои власта на заминување сакаат да бидат на местото на кое утре ќе се скрои поубавата иднина на Македонија“, ни рекоа од Изборниот штаб.
За историското патување до главнот град на државата се бара слободно место повеќе во автобусите ангажирани за оваа света цел. Засега проценките се дека во Скопје, на митингот на здружената опозиција ќе има над 2.000 штипјани.
„Не смееме да ја испуштиме големата шанса за делегитимација на ненародниот режим. Тешко се движам но сигурно одам за Скопје. Нема сила која ќе ме спречи зашто сакам на моите четири внучиња да и помогнам да имаат иднина каква што ја имаат сите деца во нормалните држави. Тоа е моја одговорност пред моето семејство и пред македонскиот народ“, ни изјави Јосип Данилов, пензионер.
И Милорад Косадинов, студент е цврсто решен утре во 18 часот да биде пред Владата.-„Сакам да се стопам со сотилјадната маса умни и одговорни македонци., Ако нема место во еден од автобусите ќе одам со автомобил со пријатели. Ова е борба на сите генерации, борба за достоинствен живот, за право и правда, за слобода на медиумите, за вработување без книшката на ДПМНЕ“, вели Костадинов.
Автобусите за Скопје утре тргнуваат во 15 часот од различни локации во градот.