Штип, 16.12.2018
Како Советот на општината да ги зајакне своите капацитети? Како советниците од разни политички групации подобро да се запознаат за повеќе да бидат од корист за граѓаните, од корист за заедницата?
Работилница со таква намена се одржа викендов во Пехчево, во готелот „Гогов“, а на истата присуствуваа советниците од Штип.
Работилницата беше во организација на Фондацијата за развој на локалната заедница која во Штип постои петнаесет години. За тоа како да се зајакне капацитетот на Советот на општината говореа Боби Шарковски и Невенка Лонгурова од спомнатата фондација.
„Значајна е климата на меѓусебна соработка на советниците од спортивставени политички групации, значајна е поддршката која доаѓа од граѓаните, од медиумите, значајно е и тоа кога Советот на општината носи одлуки советниците пред да ја донесат одлуката да размислат кој резултат ќе го донесе односната одлука за локалната заедница. Одлука се носи само ако се констатира дека таа ќе донесе добар резултат“, беше речено на работилницата.
Советниците искажаа низа свои размисли како квалитетно да се подобри работата на Советот на општина Штип, и дадоа јасна порака дека вакви работилници се повеќе од корисни за квалитетот на работата на локалниот парламент.