Штип, 23.12.2019
Проектот „Здрави деца – сигурна иднина“ денес беше промовиран во Општинската установа детска градинка „Астибо“ во Штип.
Проектот е финансиран од страна на Швајцарска амбасада и Министерство за локална самоуправа, а е имплементиран од Центарот за развој на Источниот плански регион во соработка со ОЈУДГ Астибо – Штип.
Примарна цел на проектот е подобра интеграција на децата со потешкотии во развојот од ИПР во образовниот систем и општеството. Истовремено, со опремувањето на овие мулти сензорни соби во Штип, Кочани и Делчево и обуката на стручниот персоналот кој работи со децата, ќе овозможи потикнување и делување на сите сетила кај децата со потешкотии во развојот и нивна полесна интеграција во образовниот систем и општеството, а понатаму и пазарот на трудот на овие деца.
Со овој проект се овозможува набавка и монатажа на опрема за сензорната соба во Детската градинка „Астибо“ во која има инклузирно 20 деца со потешкотии во развојот.
,Вкупната вредност на проектот изнесува 906.606 денари од кој градежните и реконструктивните активности кој ги реализираше Детската градинка и Општина Штип изнесуваат 350.000 денари, а набавката и монтажата на опремата за сензорната соба изнесува 556.606 денари. “