Штип во очекување на настанот на годината, Новогодишниот концерт на Музичкото училиште „Серѓеј Михајлов“

Штип, 22.12.2019

Уште само три дена не делат од настанот на годината во Штип. Во среда, во големата сала на Домот на култура „Ацо Шопов“ (616 седишта) средното и основното музичко училиште „Серѓеј Михајлов“ ќе го одржат својот традиционален Новогодишен концерт.

zz01Оние кои во минатото ги гледале Новогодишните концерти на ова училиште знаат добро дека е во прашање настан од европски формат. За тоа говори и фактот дека билетите за концертот закажан за 25 овој месец (среда) во 19 часот беа распродадени за само два часа.

-Барањата за присуство на концертот беа и уште се преголеми, затоа одлучивме да имаме уште еден концерт истиот ден во 17 часот. Има уште малку влезници кои можат да се набават во нашето училиште и во Домот на култура, вели директорот Горан Кавраков.

Претходно, во понеделник на 23 овој месец, концертот ќе биде приреден и во Радовиш на барање на тамошниот Дом на култура.

Со оркестарот и хорот ќе диригираат:

Тоше МИТРЕВ, Ленче БОГДАНОВСКА АЛЕКСОВА и Славица ДЕСПОТОВА

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе