Штип, 18.08.2020
Идниот месец во организација на Здружението на пензионери од Штип ќе се одржи литературно-музичка манифестација на која ќе настапат литературни творци од Штип и од други градови, како и музичкото трио Донче, Кико и Петре како дел од музичката група која работи под покровителство на штипската пензионерска организација.
Денес, на клупа покрај Отиња кај кулите под Бриони наидовме на Донче и Кико како убаво си свират убави македонски песни, пред се од штипскиот композитор Мирче Кикиритков.
-Ова се наши подготовки на отворено за литературно-музичката манифестација која Здружението на пензионети ја подготвува за идниот месец. Нам ни фали само Петре Ставрев и неговата волшебна флејта, но овие денови и тој ќе ни се придружи на пробите кои ги правиме и ќе ги правиме на отворено, ни рече Караколев.
Со оглед на тоа дека станува збор за музичари од голем формат кои најмногу ја љубат домашната музика и песна, со нетрпение го очекуваме најавениот настан.
Ристе Нетков, претседател на Здружението на пензионери на општините Штип и Карбинци, за istokpress.mk изјави дека е точно дека Здружението имало проект за ваква активност.
-Да, сакаме да го направиме тоа, но се ќе зависи од здравствената состојба во државата. Нема да направиме ништо што би било надвор од здравствените протоколи. Идејата ни е таква убава манифестација да направиме на отворено но, пак да потврдам, се ќе зависи од општата здравствена состојба предизвикана од Ковид 19, вели Нетков.