Штип, 02.08.2021
И годинава Штип достоинствено го одбележа 2 август, денот на Илинденското востание.
Делегации на Сојузот на борците од НОБ, на Советот на општина Штип, на кабинетот на градоначалникот, на АРМ, на СВР, на СДСМ, положија букети свежо цвеќе пред спомениците на народните херои во алејата на народнире херои, пред споменикот на Гоце Делчев во дворот на ректоратот на истоимениот универзитет, и пред спомен обележјата на паднатите борците во НОВ во Долани и Драгоево.
Пред споменикот на Гоце Делчев за илинденската епопеја и нејзиното значење за самобитноста на нашата држава говореше градоначалникот д-р Сашко Николов.
Istokpres.mk донесува неколку фотографии од настанот.