ШТИП: Егоров, борач на БК „Балканец“-европски шампион

Штип, 30.03.2022

277394880_3125964400951516_8206643383051625771_nВладимир Егоров, борач на БК „Балканец“ од Штип е новиот европски шампион во борење слободен стил во категоријата до 57 килограми.

Вчера приквечер Егоров во финалето го победи довчерашниот европски првак кој е од Грузија и на штипското и македонско борење им донесе златен европски медал.

Егоров е од руска Јакутија, има македонски пасош, а за Балканец настапува шест години. Тој е и репрерзентативец на Македонија.

277407937_1410671349414115_8934757676504906206_n

                               БК „Балканец“

Борачите на „Балканец“ беа на треенинг кого го прекинаа и дојдоа на плоштадот каде заедно со штипјани да ја гледаа финалната борба на нивниот член и државен репрезентативец на Македонија.

Виктор Егоров во Штип ќе се врати во петок или сабота кога ќе му биде приреден пречек каков што доликува на еден европски шампион.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе