Штип, 21.12.2019
Убавите староградски народни песни обичната штипска ноќ синоќа ја претворија во магична.
Во исполнетиот до крај Мултимедијален центар на УГД (313 седишта) публиката уживаше во повеќе или помалку познати староградски песни кои во нашата држава опстанале стотици години.
На сцената се појавија „Распеани штипјани“, пензионерската група од Свети Николе и нивните колеги од Ѓевѓелија. Се редеа староградски бисерни песни за крајот да биде зачинет со настап на сите друштва со „Кренете ги чашите“ која се излеа од грлата на педесеттина пејачи, главно пензионери придружувани од дванаесет музичари.
Организатор на настанот беше ЗГ „Распеани штипјани“ кој синоќа прослави една година од формирањето. Организаторот подели и повеќе признанина на институции и поединици за поддршката која од нив ја добиваат. Признанија добија и градоначалникот на Штип Благој Бочварски кој го проселеди настанот, како и Јане Миланов, претседател на Советот на Општина Штип за поддршката која градоначалникот и Советот на општината му ја дават на ова друштво и на културата воопшто.