Штип, 18.10.2019
Од настан во настан се зголемува бројот на граѓани на Штип кои сакаат да присуствуваат на отворањето на некоја од манифестациите од областа на културата. Тоа е посебно евидентно последните три месеци на настаните кои се во организација на Центарот за култура „Ацо Шопов“ со логистичка поддршка на Комисијата за култура при Советот на Општина Штип и финансиска поткрепа од Министерството за клтура.
Вчера, на отворањето на Биеналното студио за цртеж-2019 во изложбениот салон на Домот на култура имаше над педесеттина присутни.
Со свои цртежи се претставија уметниците од Штип – Стефанија Стојановска, Дејан Марков, Јордан Ефремов и Александар Иванов, од Струмица Александра Филев, од Кочани Александра Димитрова и Марија Мицова Гацова и од Пробиштип Гојко Антониев.
Присутните беа импресионирани од цртежите на спомнатите уметници, иако најголем дел штипјани најдолго се задржуваа пред портрето на Мики Ли, најпознатиот штипски „бездомник“.