Штип, 08.01.2018
Во девет часот изутринава темпратурата во Штип изнесуваше 3 степени над нулата. За во 11 часот предвидувањата се дека ќе имаме температура од дури 11 степени. А месецот е јануари, време кое си личи само со снег и студенило.
Но, каков беше овој ден минатата година?
Од фотографиите кои ги приложуваме може да се види вистинска зимска идила. На 8 јануари 2017 година имавме изобилство од снег, студено време, улици без возила и без луѓе. Штипјани си беа присобрани дома, во топлите домови, а надвор се излегуваше само ако се имаше некоја голема потреба.
Голем снег се беше натрупал и во коритото на реката Отиња која, облечена во белина изгледаше прекрасно.
Метеоролошките прогнози се дека снег нема да видиме се до средината на идниот месец. А зима без снег и не е некоја зима….