Штип, 05.01.2018
Во последните шест години, од 2011 до денес, во Основниот суд во Штип не е избран ниту еден нов судија. Во моментов на илјадници предмети во најголемиот суд на истокот од државата работат само 15 судии, иако систематизацијата, а и потребите бараат судот да има најмалку 19 судии.
Ова, на денешната средба со новинарите, го рече судијата Сашко Ѓеоргиев, кој е новиот портпарол на судот. Во овој изминат период од судот си заминале судии по основ на пензионирање, дел биле унапредени во судии во Апелациониот суд за штипското апелационо подрачје, а еден судија е префрлен на работа во беровскиот основн суд. Иако се случувала таква ерозија меѓу судиите, за последните шест години не е избран ниту еден нов судија.
-Сето тоа се случува во време и услови на зголемен обем на работа, бидејќи работиме како суд со проширена надлежност, а воедно имаме и намален број на судии, а истото се однесува и на судската администрација, вели Ѓеоргиев.
Тој додаде се очекува недостатокот од судии и административци во Основниот суд да биде надминат со избор на нови судии.
И додека во Основниот суд во Штип се плачат на малиот број судии и административен кадар, граѓаните велат дека ним од судовите им фали само едно: правда.
Според судијата-портпарол, годината 2017 за Основниот суд во Штип била успешна.-И со намален број на судии и помал административен персонал од потребниот ние успеавме да одговориме на задачата, односно да го совладаме приливот на нови предмети кој беше значително зголемен, посочи Ѓоргиев.
И додека од овој суд се плачат на малиот број судии и административен кадар, граѓаните велат дека ним од судовите им фали само едно: правда.
„Не сум задоволен од исходот на мојата тужба против фирмата во која работев. Сметам дека судот повеќе ги штити богатите отколку што дели правда. Без правда нема држава, нема Европа, нема иднина“, ни изјави Димитар Т. Кој две години биел битка пред Основниот суд во Штип, а вели дека правдата е ем спора ем недостижна.
И Мирјан В. од штипска приградска населба не е задоволена од пресудата која ја добила од Основниот суд. Ја затекнавме пред судот, а таа само револтирано ни рече дека во однос на судот и правдата која од него се очекува ништо не се променило. –„Во македонските судови не чекај правда“, рече Мирјана и нервозно си замина од пред штипската палата на правдата.
Се разбира дека има и други мислења но ако од Европа постојано ни порачуваат дека судскиот систем мора од корен да се ресетира, тогаш и во овие зборови на незадоволните штипјани треба да се бара причината за таквиот став на Европа кон нашето судство. А тоа говори дека, сепак, проблемот не е само во ндостигот од судии туку и од начинот на кој кај нас се дели правдата…