ШТИП: Орденот Свети Никола постхумно за Никола Кљусев

Штип, 16.12.2019

Првот премиер на самостојна, суверена Република Македонија, д-р Никола Кљусев е добитник на годинашниов орден „Свети Никола“, кој го доделува градоначалникот на град Штип. Според градоначалникот Благој Бочварски, на штипјанецот и прв премиер на Република Македонија највисокото признание на градот му се доделува за исклучителните заслуги во процесот на осамостојувањето, и умешноста во водењето на Владата во првите години од независноста на државата.

Инаку, поради бројноста на министрите во владата на покојниот Никола Кљусев, кои потекнуваа од Градот под Исарот оваа влада ја нарекуваа и „штипска влада“, а од Штип беше и првиот претседател на нашата самостојна држава Киро Глигоров.

Добитници на признанието „Свети Никола“ се: Стојан Троицки, еден од основачите на фестивалот на забавна музика „Макфест“, на Лиљана Крстевска, претседател Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост и на Касарната „Јане Сандански“.

Признанијата на добитници ќе им бидат врачени на 19 декември годинава, на свеченоста во црквата која го носи името на светецот „Свети Никола“.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе