Штип, 05.09.2018
Штипската локална власт е во голема градежна офанзива која финансиски тежи над 160 милиони денари, односно 2,6 милиони евра. Се уредуваат и асфалтираат улици на кои не се интервенирало до години, се уредуваат стари и градат нови игралишта за деца во урбаните заедници.
„Во изминатиов период сме фокусирани на реализација на проектите коишто се поврзани со градежната офанзива во општина Штип. Над 160 милиони денари се вложени во вистински цели, во цели кои се од капитален интерес за граѓаните. Инвестираме во изградба на квалитетна инфраструктура којашто секојдневниот живот на штипјани ќе им го направи попријатно и полесно“, рече градоначалникот Благој Бочварски при увидот на работите во однос на реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Петров“ во населбата „Сењак“.
На оваа важна улица се врши реконструкција и санација со поставување на нов слој аслфалт на вкупно 900 метри квадратни.
БОЧВАРСКИ Штип, конечно, го доживува подемот во својот развој каков што одамна го заслужува како регионален центар.
„За оваа градежна активност издвојуваме над 356.000 денари. Ова е уште еден проект којшто го реализираме во населбата Сењак. Штипјани знаат дека се работи на многу улици, а овде, во непосредна близина наскоро ќе се асфалтираат улиците околу објкетите „Луна Комерц“. На овој простор ќе се гради и новата градинка, прв ваков објект што се гради во Штип после триесет години. Општина Штип ги троши средствата на вистинските места за вистинските потреби на нашите граѓани. Најголемиот дел од овие потреби и барања на граѓаните се произлезени од средбите со граѓаните во рамки на урбаните заедници и средбите со граѓаните во мојот кабинет,“ потенцираше градоначалникот Бочварски.
Изминатиов период беа асфалтирани и рехабилитирани повеќе улици на територијата на општина Штип, а во населбата Сењак освен рехабилитација и санација на постоечките улици, се врши изведба на сосема нови улици и тоа кај објектот Луна Комерц, каде неодамна беше поставена и нова водоводна и канализациона мрежа, беше изведен и сосема нов тротоар на улицата „Борис Крајгер“, беа спроведени повеќе акции за чистење и уредување на населбата, како и осовременување на училиштето и градинката во оваа населба. Во населба Сењак овој месец ќе започне изградбата на нова детска градинка, со што ќе се зголеми капацитетот за згрижување за околу 200 дечиња. Со тоа покажуваме вистинска грижа за најмладите, но и за сите членови на нашата заедница. Парите на граѓаните ги насочуваме кон вистинските цели, а Штип конечно го доживува подемот во својот развој каков што заслужува како регионален центар“, рече Бочварски.
Тој најави продолжување по истата насока но со засилен интензитет и искрени и вредни заложби за унапредување на Штип во секоја смисла.