Штип, 20.05.2023
Штипјани вечерва ќе можаат да уживаат во концертот на реконструираната летна тераса во Домот на млади. По овој убав повод штипскиот градоначалник Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече:
„Откако претходната година објектот беше комплетно саниран, како надворешно, така и ентериерно, од почетокот на годинава се работеше на летната тераса. За комплетната реконструкцијата на летната тераса се одговорни Општина Штип и Источниот плански регион, а симболично летната тераса вечерва ќе се отвори со концерт на групата „Леб и сол“.
Видан Лазарев, директор на Домот на млади потрнцира дека новиот изглед ќе значи и повеќе содржини и настани за младите но и за сите граѓани од Штип и регионот.
„Реконстукцијата е извршена на сите нивоа на летната тераса која е составена од неколку каскади, сите тие се реновирани, поставени се додатни седишта за публиката, реконструирани се шанкови, чадорот е реконструиран, а ќе биде поставена рампа за светло и за звук, така што целината ја имаме само да почнеме да работиме“, истакна Лазарев.