Штип, 21.10.2020
Со реконструкција на улицата „Скоевска“ во населбата Пребег Општина Штип преку активностите кои ги реализира јавното претпријатие Исар го подобрува водоснабдувањето на оваа населба.
Ова е за првпат да се извршува сериозна интервенција на водоводната инсталација во оваа населба, азафатот е на барање на жителите од Пребег.
-Се работи за реконструкција на водоводна линија во должина од 400 метри која беше приоритетно барање на граѓаните во овој дел од градот. Реконструкцијата на водоводот на улица „Скоевска“ ќе чини 1,8 милиони денари и ќе се работи во две фази, а потоа ќе ја реконструираме водоводната линија на улица „Славонска Пожега“ која ќе чини 2,2 милиони денари“ истакна в.д. градоначалникот Јане Миланов. Тој денес беше на местото на настанот заедно со Живко Тасев, директор на ЈП Исар
Живко Тасев вели дека со овој зафат граѓаните ќе добијат подобар проток на вода до своите домови. –„Ваков зафат се прави после долги години, односно од самото основање на населбата Пребег“, појаснува Тасев.